Мицкоски: Никогаш нема да ја користам придавката Северна
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020
Не можам никогаш да се сложам со административното име бидејќи тоа е спротивно на моите принципи. За мене оваа држава длабоко која во себе ја носам како што сум ја наследил и ќе ја пренесам на моите потомци е Македонија, и тука не треба да има дилема, изјави синоќа лидерот на ВМРО -ДПМНЕ. Христијан Мицкоски при гостувањето во емисијата 360 степени на Телевизија Алсат.
Сепак додаде дека таа реалност не може да се игнорира.
„Но, јас лично не можам да бидам лицемер и да кажам дека оваа реалност ќе ја игнорираме. Таа е реалноста којашто ни ја донесе Зоран Заев и СДСМ. Но, никогаш јас не можам да се сложам со оваа придавка“, рече Мицкоски.
Во однос на тоа дека како премиер ќе мора да го користи новото уставно име Мицкоски праша каде ова го пишува.
„Мојот став по тоа прашање е јасен. Реалноста е таа, ние сме дел од таа реалност, функциониравме во тие институции, ќе продолжие да функционираме, но мене никогаш никој договор не може да ме обврзе да ја користам новата придавка. Никој, никогаш“, рече Мицкоски.