20 Април, 2024
0.0445

Мицкоски објави на Фејсбук: Специјалци упаднаа во детски соби

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на статус на „Фејсбук“ денеска открива дека минатата недела петнаесетина активисти на ВМРО-ДПМНЕ се вознемирени од упадот на специјалци со оружје кои проверувале во домовите на истите, напоменувајќи дека едниот од нив има три малолетни деца, и било претресувано и во нивната детска соба.

„На последниот протест пред владата само споменав, но денес пишувам подетално за работите кои не ги ветија, но ги остваруваат. Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи) минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава. Со специјалци, огнено оружје во домовите на честити луѓе, домаќини, но однеднаш за соседите, и согласно употребената полициска сила стануваат сомнителни поединци за кои има “сомнеж за антидржавно делување”. Еден од нив има три деца, а можете да замислите каков надреален трилер е само за неговите малолетни деца кога специјалци вооружани прават претрес во детската соба затоа што единствен грев на неговиот татко е што мисли поразлично од власта, другиот го задржале во полициска станица зошто имал чаура зачувана од неговата свадба пред повеќе од десетина години, другиот сомнително им изгледал, а тоа според полицијата на Спасовски е тешко кривично дело во обид“, напиша меѓудругото Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите