Mицкоски очекува витешка дебата со Заев
Објавено во: Македонија 26 Март, 2019
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при пристигнувањето во Канал 5 каде ќе се одржи дуелот со премиерот, Зоран Заев изјави дека очекува витешка дебата.
„По една година имаме повторно соочување. Ќе разговараме за она што се случи во меѓувреме, за актуелни работи, но и за иднината“– рече Мицкоски.
Заев се надева дека Мицкоски конечно ќе даде одговори на многу прашања.