19 Април, 2024
0.2005

Мицкоски: Парите за патишта се обезбедени пред 10 месеци, што правеше власта досега?

Објавено во: Македонија 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски упати критики до власта на СДСМ за која смета дека нема капацитет да ја води економијата на државата и дека ветените 270 милиони евра за патишта на државата се веќе изработени проекти кои тие дури сега ќе ги реализирале. 
„Видоа дека ги критикуваме дека немаат капитални инвестиции па на прес конференција најавија дека 270 милиони евра ќе инвестираат во реализација на патишта во Република Македонија. Ама заборавија да кажат дека тие проекти беа направени пред десет месеци и дека парите за реализација на тие проекти беа предвидени уште пред десет месеци. Па се поставува прашањето што правеле тие овие десет месеци, ги преспале“, рече Мицкоски. 
Лидерот на опозоциската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека владиниот „План 3-6-9“ не се реализираше. „Сами го направија планот, и сега им бараме отчет колку реализираа бидејќи поминаа девет месеци, а резултатот е само 42 отсто реализација. Сега наеднаш планот 3-6-9 стана 3-6-9 плус, што значи ќе се развлече до недоглед, во математиката тоа го викаме полутосечка“, истакна Мицкоски. 
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се наврати и на пензиите и посочи дека било ветено 10% поголеми пензии но дека ни тоа не се остварило, а зголемувањето е укинато. 
„Ниту прават реформи ниту пак имаат намера да ги прават, а ниту па имаат план да ги направат тие реформи. Единствено план имаат како ова цунами побрзо да се збогати и да ја уништи државата Се на се катастрофална ситуација“, рече тој. 
Мицкоски потенцираше дека Македонија има економскиот раст од 0 отсто кој е најслаб во Европа, не се креираат нови работни места, а директните инвестиции споредено со минатата година се помалку за 100 милиони евра. Потенцираше и дека девизните резерви во овие 10 месеци се намалени на 218,2 милиони евра додека монетарното злато изгуби вредност од 12,5 милиони евра.
„Намалено индустриското производство, градежништвото стагнира со најмалку 30 отсто, но она што е пострашно договорените работи за во иднина се помали за 12 проценти од тие што беа во 2017 година. Значи оваа 2018 ќе биде катастрофална“, рече Мицкоски.
Мицкоски го посочи дека за да се затскрие сведочењето на бизнисменот од Струмица почнале да вадат слики дека бил на 27-ми април во Собранието. 
Претседателот на партијата потенцираше дека не крие за неговото присуство пред Собранието нема од што да се срами или да лаже зошто таму бил со сопствениот народ. Им порача на СДСМ дека и следниот пат ќе биде со народот и дека на следните избори ќе бидат поразени.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите