Мицкоски: Полицијата казнува на Водици, а не вистинските криминалци на улиците
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021
И Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска реагираше за големото полициското присуство на вчерашното празнување на Богојавление на охридското крајбрежје и, како што вели тој, за пишувањето на казните.
„Полицијата ги казнува оние што чествуваат Водици, а ги остава вистинските криминалци да дивеат по улиците“, пишува претседателот на најголемата опозициска партија во дел од неговиот последен статус на Фејсбук.
Засега Министерството за внатрешни работи нема излезено со информација дали и колку граѓани се казнети за прослава на празникот во Охрид и Струга.