20 Април, 2024
0.0270

Мицкоски предупредува дека последиците по земјата можат да бидат погубни

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од протестниот марш што вчера се одржа во Охрид, изјави дека Договорот со Грција е штетен и не треба да се прифати. 

Побара од граѓаните добро да размислат за својата одлука затоа што, вели последиците можат да бидат погубни за земјата и македонскиот народ, неговиот идентитет, култура, историја, но и иднина. Според него, ова се времиња на искушенија и историски моменти. 

Тој ја обвини Владата на Заев дека наместо исполнување на ветувањата и економски просперитет, ја однеле земјата во пропаст и дека се обидуваат со недемократски средства и закани да ги присилат граѓаните да излезат на претстојниот референдум.

Референдумот може да биде успешен само ако на него излезе потребниот број граѓани, смета Мицкоски.  Тој порача дека доколку референдумот не успее, тоа ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори, на кои, како што рече, народот ќе ја казни погубната политика на актуелната власт.

Партијата претходно повика граѓаните по своја волја и убедување да одлучат како ќе гласаат на референдумот. 

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан