Мицкоски: Приведени се осум лица што го сквернавеа македонското знаме
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека се приведени осум лица кои го кинеле македонското знаме синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме и им се заблагодари на полициските и безбедносните сили за приземноста.
- Честитам за навремената, трезвена и државничка реакција на Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје. Припадниците на МВР не дозволија ескалирање, но реагираа во насока на приведување на лица кои што го сквернавеа македонското државно знаме. Тие се веќе приведени и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија. Тие ќе бидат обвинети за дело за кое е можна затворска казна од 1 до 5 години за предизвикување на национална нетрпеливост и непочитување на државните симболи.речеМицкоски.
Премиерот ги повика граѓаните да останат смирени при вакви провокации и да дозволат институциите да си ја завршат работата.
- Да не дозволиме овие инциденти да предизвикуваат негативна реакција, бидејќи е ова една мала изолирана група која ги штити милионите на политичките криминалци. Ако мислат дека се недоприливи и дека ова не е вистина, силно ќе се разочараат. За ова предупредувавме и имавме информации кои ќе бидат споделени како докази, но и со нашите стратешки партнери,додаде тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.