19 Април, 2024
0.0291

Мицкоски: Рекордна невработеност се постигнува со посветеност, а не со манипулации

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ ги презема заслугите за новото намалување на невработеноста кое беше објавено според податоците на Државниот завод за статистика бидејќи е резултат на политиките спроведувани во изминатите години.

- Невработеноста падна на рекордно најниско ниво од и сега изнесува 22.9%. Тоа е резултат кој директно влијае на стандардот на граѓаните и постигнување од кое сите имаат корист. Тоа е разликата меѓу напорното работење на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивните политики на СДС. Ваквите резултати не се постигнуваат со манипулации и креирање на лажни вести, туку со посветеност, знаење и работа. ВМРО-ДПМНЕ особено е горда на најновите податоци на Државниот завод за статистика кои говорат за невработеноста. Напорната работа, активните мерки за вработување, ниските даноци, политиката на странски инвестиции, поволната бизнис клима, оперативните планови на владата за вработување кои беа спроведувани изминативе години, придонесоа невработеноста да се намали на историски најниски 22.9%, смета Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски на партиската прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека од СДСМ се очекува истата посветеност за намалување на невработеноста и исполнување на ветувањата.

- Граѓаните и во иднина очекуваат мерки кои ќе го подобрат нивниот стандард, а не блокирање на проекти и најави за уривање и укинување. Граѓаните и во иднина очекуваат отворање на нови 64.000 работни места, просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари исто така во првата година, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари. Граѓаните исто така очекуваат и стабилна економија и годишен раст комулативно секоја година од 5%. Ветувања кои се дадени од страна на новата влада предводена од СДС мора да се реализираат со роковите кои си ги зададоа како ветувањаа не да се релативизираат. Граѓаните немаат време за чекање и водење гола политика и гол популизам. Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања, посочи Христијан Мицковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните