Мицкоски: Се апси врз основа на рекла казала
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2019
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција изјави дека денес стана јасно дека СДСМ е во слободен пад, и вели дека им следува тежок пораз.
На граѓаните им е преку глава од самоволите на доспотот Заев., рече тој.
Вели дека институциите се разнишани, и Заев презема според него очајнички потези.
„Се апси врз основа на рекла казала, без докази“, рече Мицкоски.
На Заев му порача дека часовникот му отчукува. Вели дека целта му е да ги исплаши граѓаните.
„Сакаат да се зборува за притвор, за апсења, за изживување, за да не се зборува за здравството на Филипче кое убива, за Тевдовски, Спасовски“, вели Мицкоски.
Обвини дека целта му е на Заев да се откаже ВМРО-ДПМНЕ од претседателските избори.