29 Март, 2024
0.0291

Мицкоски шокиран од изјава на член на раководството на ДУИ: Бара предвремени избори

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Потребни се брзи предвремени парламентарни избори, затоа што оваа влада е некредибилна. Народот своето си го кажа на претходните локални избори и се додека оваа некредибилна влада предводена од СДСМ и ДУИ продолжи, ќе продолжат поразите. За жал, тие порази почнуваат да не чинат со десетици загубени човечки живот, а тоа е само поради една основна причина – раководните лица кои се дел од владејачките партии не си ја вршат работата за која се платени, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Свети Николе.

Прашан кој е 61-виот пратеник на владејачкото мнозинство во Собранието, Мицкоски рече дека не сака да навлегува во теории кој е 60, а кој 61-виот пратеник, и дека за тоа треба да одговорат СДСМ или ДУИ.

Едно е јасно, а тоа беше сведок и народот, дека и тие 59 кои ги имаа дента кога се гласаше недоверба на Владата не беа во Собранието и не застанаа во одбрана на ова владино мнозинство, што за мене претставува кукавички чин. Ако веруваа дека оваа влада е добра и работи во интересите на граѓаните, тогаш требаше да бидат во клупите и да се спротивстават. Тоа е она што јас можам да го коментирам, изјави Мицкоски.

За тоа дали разговарал со Алтенатива за нивниот став од петокот, Мицкоски рече дека нема разговарано детално за нивните преговори со СДСМ и ДУИ.

„Тоа што го знаеме е дека раководството на Алтернатива го овластило претседателот на партијата да преговара со СДСМ и ДУИ за формирање ново владино мнозинство. Нашиот став поврзано со ова мнозинство или не мнозинство го знаете. Станува збор за најкриминалната и најнеспособната влада што некогаш во овие 30 години функционирала во Македонија и претпоставувам дека раководството на Алтернатива го имала во предвид тој факт и претседателот на партијата ќе ги има кога ќе биде на иста маса да преговара со лидерите на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

Во однос на оставката на Зоран Заев, Мицкоски рече дека не ги знае и не би сакал да навлегува во вистинските причини, но оти го шокирала изјавата на еден од раководството на ДУИ, дека „тие не го пуштаат да си оди, бидејќи имало некои одлуки кои што треба да се носат во периодот што следи“.

„ Да, има одлуки кои што треба да се носат, а тоа е час поскоро да имаме предвремени парламентарни избори. Тоа е она што претстои да се носи, а сето останато е само обид на овој малцински партнер во владата СДСМ-ДУИ да се прикаже пред меѓународната заедница дека има се уште некако капитал со кој располага, а тоа е да го распродава македонскиот идентитет и да ја распродава македонската држава. Тоа ние нема да го дозволиме, изјави Мицкоски.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење