25 Април, 2024
0.0327

МИЦКОСКИ: Сите треба да сме тажни што од Брисел добивме „не“ поради корупцијта и криминалот

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска пред драчевчани со став и за неуспехот земјава да добие датум за почнување преговори со Европската унија.

„Не треба никој од нас да биде среќен зошто ние добивме не во Брисел. Треба да сме сите тажни бидејќи не добивме поради корупцијата, арамилукот, пашалукот и криминалот на тој што сакаше да ја приватизира европската иднина на нашата држава и на нашите граѓани“, вели Мицкоски.

Тој беше во Драчево во рамки на „Разговори за обнова на Македонија“, од каде власта ја обвини дека европската иднина ја претворила во политичко да се биде да или не на Зоран Заев.

Битката за Европската унија, според него, била основната цел на ВМРО-ДПМНЕ уште од нејзиното формирање во јуни 1990 година кога, како што потенцира, „југоносталгичарите од СДСМ уште се колнеа во Белград и Москва“.

„Ние сме граѓани на Европа, ние припаѓаме во Европа и таму е нашата иднина, сите вие, сите ние сме европски граѓани и заслужуваме таква иднина со систем на вредности кој што е многу поразличен од тоа што денеска го нуди Зоран Заев и СДСМ“, рече Мицкоски.

Но, Мицкоски со критики и за политиката на неговиот претходник Никола Груевски, односно антиквизацијата.

„Нема да одиме во крајноста на антиквизацијата, но истовремено нема да одиме во крајноста и на севернизацијата туку ќе одиме право во срце и ќе го промовираме македонизмот, македонизмот кој што ќе биде основна алка која што ќе ги обединува сите граѓани на Македонија без разлика на нивната етничка припадност. Ќе успееме така што ќе ја вратиме правната држава, каде што ќе нема привилегирана каста на луѓе и политичари, каде што секој оној кој што се огрешил пред законите и се осрамотил пред граѓаните ќе одговара без политичка интервенција. Тоа е првиот чекор за да успее македонизмот , тоа е срцето на Македонија , како да успее македонизмот, сето останато е политичка алатка и лага“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг