Мицкоски смета дека го има победникот за престојните претседателски избори
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2019
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски помеѓу првите го стави својот потпис зад кандидатурата на професорката Гордана Силјановска-Давкова.
Мицкоски смета дека со неа го има победникот за престојните избори за претседател. Тој уште еднаш го повика премиерот Зоран Заев да дозволи опозицијата да предложи и нов кандидат за јавен обвинител затоа што според него, јавноста нема доверба во правниот систем.
Низ целата држава од утрово голем број на граѓани се потпишаа на кандидатурата во канцелариите на ДИК на стартот од процесот за собирање потписи.
Професорката Силјановска преку својот Фејсбук профил лично ја побара поддршката од граѓаните.
Иако претходно професорката ја доби довербата од мнозинството делегати на ВМРО-ДПМНЕ за нивен претседателски кандидат, сепак побара и граѓаните да одлучат. Таа на својот Фејсбук профил се заблагодари на граѓаните.
Првиот круг од претседателските избори ќе биде на 21 април.