МИЦКОСКИ: Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина и очекувам преку 400 проекти

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2025 21:30
Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти, изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од работата на Владата, одржан под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.
Тој додаде дека Владата ги поставила првите тули на новите темели со посветеност и љубов кон секој граѓанин, секоја заедница и секој сон. Мицкоски рече дека оваа била година на напорна работа, посветеност, враќање на довербата и стабилизација.
„Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина. Очекувам преку 400 проекти, мерки, чекори и реформи во наредниот период. Тие ќе бидат насочени на раст и развој, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, реформи во здравството, големи инфраструктурни зафати, даночна политика, справување со инфлација и трошоците на живот, поддршка за млади, земјоделци, работници, нови домови и возила“, рече Мицкоски.Вели дека ова е време на длабоки промени кои ги заслужуваме.
Можеби ќе ве интересира
„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?
ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари
