Мицкоски вели дека членови на СДСМ се разочарани од владеењето на Заев
Објавено во: Македонија 16 Март, 2018
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување на вестите на телевизија Алфа изјави дека му приоаѓале членови и поддржувачи на СДСМ и му кажувале дека се каат што гласале за нив.
„Велат г-не Мицкоски, ние сме членови на СДСМ со членски, потенцираа. Велам да повелете како може да ви помогнам? Ние ги поддржавме, но никогаш не можевме да поверуваме во какво зло поддржуваме. Ова што ни се случува. Им одговорив дека го направиле она што сте мислеле во тој момент дека е потребно за државата и за партијата се разбира“ - вели Мицкоски.
Тој додаде дека не само што не треба да му се верува на премиерот Зоран Заев, туку мора да се почне да се разобличува до таа мера, за да има предвремени парламентарни избори и единственото решение е да замине.
Мицкоски вели дека граѓаните треба да застанат зад ВМРО-ДПМНЕ за да се победи теророт. Тој рече дека Македонија нема друга опција, заслужува подобро и има надеж која што ќе ја направи европска држава на среќни граѓани.