29 Март, 2024
0.0262

Мицкоски вели дека му е потребно двотретинско мнозинство за реформи

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервјуто за Вечерњи.хр вели дека на неговата партија ќе му биде потребна коалиција од двотретинско мнозинство за, како што вели тој, да ги спроведе потребните реформи кога ќе ја формира власта по предвремените парламентарни избори.

- Доколку ние не добиеме стабилно двотретинско мнозинство во Парламентот и мнозинство од претставниците на другите етнички заедници, се отвора можност за враќање чекор назад бидејќи ни престојат многу работа и реформи, вели Мицкоски без да наведе кои се тие одлуки за кои му е потребно двотретинско мнозинство.

Во интервјуто претседателот на најголемата опозициска партија вели дека премиерот Зоран Заев му дал аргумент на францускиот претседател Емануел Макрон да ги блокира македонските евроинтеграции и дека не смета оти ЕУ донела неправедна одлука за одложување на датумот за почетокот на преговорите со Македонија, бидејчи според него,.таа e последица на тригодишната катастрофална политика на премиерот.

Критикувајќи ја власта, меѓудругото, вели дека и „политичкиот притисок врз судиите и обвинителите“ влијаел на тоа Макрон да го спречи отворањето на преговорите.

„Нашиот концепт не е антиквизација и не е северизација на Македонија, туку е големо ДА за враќање на македонизмот во Македонија“ порачува Мицковски во интервјуто.

На ова реагираше СДСМ, коценувајќи ги како срамни коментарите дека Македонија заслужува да биде блокирана.

„Целиот европски демократски свет призна дека ЕУ направи историска грешка со тоа што Република Северна Македонија не доби датум за отпочнување на преговори. И додека сите светски лидери потенцираа дека нашата држава испорача сѐ што требаше да направи и спроведе реформи за да добие датум за преговори, Христијан Мицкоски во интервју за весникот Вечерњи лист испраќа порака дека „Макрон бил во право кога нѐ блокирал

Тоа е срамна и антидржавна изјава на Мицкоски. Тоа е понудата на Мицкоски за обнова на режим и враќање назад во темно минато, изолација, сиромаштија и неизвесна иднина. Со таква понуда на обнова на режим, криминал и враќање назад, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12-ти април“, гласи реакцијата на владеачката партија.


Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“