20 Април, 2024
0.0293

Мицкоски: Власта е поделена на десетици струи и тивки жаришта на конфликти

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Не очекувам одложување на изборите, и очекувам убедлива победа на изборите. Власта е во колективна паника и е фрагментирана на десетици струи и тивки жаришта на конфликти кои во периодот што следи ќе се засилуваат. Убеден сум дека граѓаните ќе одберат обнова,a тоа ќе значи промени кон подобро и многу работа, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкос во интервју за КУРИР.

Тој истакна дека на средбата со Бојко Борисов разговарале за актуелните теми во Македонија, во Бугарија, а акцентот бил ставен на иднината, но исто така и на теми кои се дел од минатото на двете држави.

„За дел од темите имавме исти позиции, но за дел различни. Помалку непријатно беше што се снимаше почетокот на средбата каде вообичаено има неформален разговор помеѓу соговорниците кои се познаваат, и жалам што нашиот политички противник СДСМ, целосно извртувајќи ја вистината, преку креирање на лажни вести се обиде да ги злоупотреби граѓаните. Никаде на средбата не го споменав договорот, тоа не може да се извлече како цитат затоа што не го кажав, но еве гледаме дека може да се прават лажни вести под владината палка и да се редат зборови во уста кои јас никогаш не сум ги кажал. Инаку да, порано сум истакнал, му го кажав тоа и на г-динот Борисов, а еве ќе го повторам и сега дека имам намера да подржам се што е добро за двете земји, тоа подразбира дека без никакви дилеми подржувам економска соработка, да јакнеме трговски, да градиме соработка со соседите, културно, спортски, научно да соработуваме, доколку проценам дека Македонскиот народ и граѓаните на Македонија имаат интерес од тоа. Но воедно тоа значи и спротивното, дека никогаш нема да прифатам работи кои се на штета на Македонскиот народ и граѓаните на Македонија, непринципиелни барање, ултиматуми или компромиси со невистината за други цели. Јас дилема немам ниту за нашиот-македонецот Гоце Делчев и неговата борба за создавање на Македонска држава, ниту за посебноста на македонски јазик. Не сум човек кој прави компромиси со вистината, а најмалку на штета на Македонија“, вели во интервјуто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

И точно можеби сум нов во високата политика и со помала километража кога станува збор за билатералните средби, и можни се протоколарни слабости од кои учиме, но ве уверувам кога станува збор за суштината, точно знам што говорам, за што се борам и какви интереси штитам и ќе продолжам да го правам тоа, вели Мицкоски.

Во врска со вчерашната изјава на Стево Пендаровски кој истакна дека доколку не е претседател на Македонија би си заминал од земјава, Мицкоски кажа: „Претседателот Пендаровски одбран од партијата која е 3 години на власт сакал да ја напушти државата зошто тука не се живеело. Би му кажал таквото негово поразително чувство да му го каже на неговиот шеф Заев, бидејќи тој три години ја води државата во амбис.Има ли поголемо признание дека не и оди на власта, односно дека прави пустош со државата, и тоа директно од човекот коj го направија претседател со рекорд од по 3 секунди гласање во минута. А јас кога би бил Пендаровски прво би заминал од местото претседател, после вакво едно признание затоа што не прави ништо да ја смени реалноста од позицијата која ја има“, вели Мицкоски.

Дополнително, прашува тој, какво е тоа лицемерие дома, пред своите граѓани, и премиерот и претаедателот да велат дека дошол живот, а надвор, веднаш чим ја поминат границата да велат - тука не чини, треба да се заминува. Ние знаеме дека не чини, но тие се кои прават да не чини.

„Значи оние кои треба да го донесат лекот ни велат најпаметно е да се иселиме, јас велам најпаметно е да ги вратиме иселените и задржиме оние кои се тука преку менување на работите и создавање на обнова која ни треба, а оние кои не доведоа до тука, прво нека одговараат за тоа што се огрешиле, а потоа нивна е желбата кај сакаат да одат. Очигледно Пендаровски и Заев си ги поделиле задачите, и сега Стево има задача да ги собира гласовите и поддршката која Заев ја нема или ја губи, и така, слично како и во судството да си ја префрлаат одговорноста додека и двајцата се истрата страна на паричката“, нагласува претседателот на ВМР-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан