28 Март, 2024
0.0266

МИЦКОСКИ ЗА БОМБАТА: Во разговорот нема ништо различно од она што и досега сум го кажал во јавноста

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Она што го има во бомбата од мојот разговор со Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, е нешто што јас многу пати сум го кажал и во јавноста, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во разговор за Сител. 

„Нашиот политички противник излегува со програма, која е, би рекол, пишувана од едно лице со кое јас разговарам на еден таков нелегално стекнат материјал, кој вие го нарековте бомба, и уште гледаме една група, тоа се оние независна пратеничка група која потекнува од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која го снимала нашиот втор состанок.

Во тој разговор нема апсолутно ништо што јас веќе го немам кажано во јавоста, и истото тоа нив им го имам пренесено“, вели Мицкоски.

Тој додава, „Тоа е програмата на нашиот политички противник, таа е пишувана од едно лице со кое јас разговарам на еден таков нелегално снимен материјал“, изјави вечерва Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Не можам да се изначудам на кое ниво на овие избори се доведе СДСМ, објаснува Мицкоски и вели дека за разлика од нив, програмата на ВМРО-ДПМНЕ ја создавале академици и професори од земјава и од странство. 

Прашан дали очекува содржината на овие разговори да се одрази на бројот на гласови што неговата партија ќе го добие на изборите, тој рече дека не се фокусирал на тоа, туку на програмата и како таа најдобро да се презентира, а граѓаните ќе одлучат дали тоа ќе влијае или нема да влијае.

„Од сето она што го има во разгворите, јас сето тоа јавно сум го кажувал, јас сум бил против тој текст за Законот за јавно обвинителство, насилно усвоен, и не гледам што би можело за граѓаните да биде пресудно да не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. А она што го слушнавме за нашиот политички противник е сериозно, и по изборите со него ќе треба да се позанимаваат обвинителите“, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?