МИЦКОСКИ ЗА ЕУ: Останавме во ходник да чекаме вратата да ни ја отворат, да седнеме и да преговараме

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2024 07:31
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Ал Џезира говорејќи за внесувањето на Бугарите во Уставот изјави дека ставот на Владата е јасен и непроменет. Вели дека во таа насока треба да се даде одговор на две прашања, односно која е причината за внесување на Бугарите во Уставот и што добиваме ние како држава од тоа.
„Велиме, во ред еве, дали нечии права човекови се забранети или се ограничени затоа што не се дел од Преамбулата на нашиот македонски Устав. Тогаш се поставува дилемата, во ред може да е тоа така, но која европска институција е задолжена да суди дали нечии човекови права се ограничени или нарушени. Тоа е Судот за човекови права во Стразбур. Ако ги видиме одлуките на овој суд поврзани со човековите права во регионот ќе дојдеме до заклучок дека 14 пресуди доаѓаат од оваа европска релевантна институција за македонската заедница во Бугарија дека нема право, односно дека нивните човекови права или се ограничени или се нарушени и нула за бугарската заедница во Македонија. Четиринаесет со нула, значи не е тоа причината. Ајде тогаш да видиме што е причината и што добиваме ние. Дали некој нас ако ова го направиме ни гарантира дека ова е последното кое што треба да го направиме, бидејќи гаранции дека ова е последното слушаме уште од раните деведесетти од минатиот век кога променивме име, променивме знаме, променивме банкноти, територијални распределби, имавме воен конфликт, неколкупати менувавме Устав и секогаш пораката од Брисел беше, само уште ова и вие сте најдобрите во одделението и вие сте тие коишто ќе бидете први, но за жал сите поминаа, а ние останавме во ходник да чекаме вратата да ни ја отворат, да седнеме и да преговараме“, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека македонскиот народ направил сѐ како ниту еден друг народ и дека сега е ред на Европа да направи нешто за возврат, а декемврискиот состанок на Европскиот Совет беше доказ дека кога се сака се може.
„Ние како народ направивме сѐ, како ниту еден народ што направил во Европа, којшто доаѓа од земјите коишто порано беа дел од Варшавскиот пакт, како ниту еден народ што направил. Сега треба Европа да направи нешто за нас и тоа го видовме дека кога се сака се може, уште на декемврискиот состанок на Европскиот Совет кога немаше консензус околу едно клучно геостратешко прашање и кога правилото на еден глас беше заменето со правилото на минус еден човек во просторијата“, додаде Мицкоски.
За Договорот од Преспа рече дека не се согласува со него, но ќе го почитува. Инаку, Украина и Молдавија ги почнаа преговорите.
Можеби ќе ве интересира
МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот

„ДИСКО - ШТАЛАТА БИЛА ОСТАВЕНА БЕЗ КОНТРОЛА“: Апасиев со детали за интерпелацијата на Тошковски

ДВЕ ЛИЦА ОД ГОСТИВАР И ЕДЕН ЖИТЕЛ НА БИТОЛА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ - тројца малолетници се повредени, еве ги деталите од вчерашната несреќа

БРОЈОТ НА ЖРТВИ Е КАТАСТРОФАЛЕН ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПА: министерот Тошковски по вчерашната сообраќајка
АВИОН ПАДНА ВО РЕКА, ИМА МРТВИ: Хорор во Америка (ВИДЕО)

„ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ ГИ ПРОСЛАВАТ СО ПОСНА ТРПЕЗА“: се огласи лидерот на СОНК со посебно барање

ПОПЛАДНЕВО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ - поради одбележувањето на Велигден посебен режим во ценатарот на Скопје
