Мицкоски за Фактор: ФЗОМ нема да ја издржи кризата
Објавено во: Економија, Македонија 03 Април, 2020
Фондот
за здравствено осигурување нема да може да издржи, оценува лидерот на
ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Фактор, затоа што, како што
појаснува, трошоците
се зголемени повеќепати, а нема ребаланс. Според него, здравствениот систем во
државата се базира на милост, бидејќи единствено нешто што може да се случи е
да да добиеме некаква донација од странство.
За да се издржи кризната состојба, Мицкоски вели дека предлагаат сет мерки, со кои би се заджале и бизнисите, но и вработените, а тоа е работодавачите да добијат субвенција во април за март, во мај за април и во јуни за мај. Конкретниот предлог се однесува на тоа секој работодавач да добие 50 проценти од бруто трошоците кој што тој ги има по вработен, односно Владата да субвенционира половина од нето платата плус придонесите и персоналниот данок. Со ваквите олеснувања, работодавачите истовремено ќе успеат да ги задржат своите бизниси, и ќе нема потреба да отпуштаат вработени....Целосното интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, читајте го на следниот линк.