МИЦКОСКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА МАРЖИТЕ: Oчекувам намалување на цените на производите

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2025 15:35
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува намалување на цените на производите поради ограничувањето на маржите на 10 отсто.
Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април.
„Па очекувам, апсолутно да. Во текот на вчерашниот ден имавме седница на Владата на којашто од страна на министерот за економија и труд добивме исцрпен брифинг, но истовремено би рекол и дебрифинг од страна на извештајот којшто го има доставено Државниот пазарен инспекторат. Договоривме да во најскоро време се излезе со предлог. Денеска се сретнавме, пред да дојдам овдека во Кавадарци, бев во Собрание имаше пратенички прашања, нели според новиот деловник, опозицијата прашува ние одговараме, се сретнав со министерот, предлогот го имам веќе во работна верзија. Во текот на денот ќе се усогласува и очекувам на итна седница во текот на утрешниот ден истиот да биде донесен и да биде спроведен од страна на супермаркетите или хипермаркетите. Маржата малопродажна и големопродажна се ограничува едната на 10 и другата на 10 проценти и очекувам тука да има, се разбира драматично намалување на цените на оние производи коишто вистински ги користат граѓаните. Тие се проширени со друг тип на производи коишто се за хигиена, исто така и бебешката храна е вклучена. Така што од тоа што можев да го видам, гледам дека речиси е сѐ опфатено, она што граѓаните го користат. Инаку оваа мерка ќе важи до 30 април, за понатаму ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, вели Мицкоски.
Донесена е одлука сите супермаркети или хипермаркети на своите веб страни транспарентно, на дневна основа ги ажурираат цените.
„Е сега дали тоа ќе има некаков ефект, тоа е пракса во некои од земјите во светот, ако во еден ланец маркети, еден производ чини Х парички, а во друг чини Х половина парички, тогаш како консумент јас ќе се под замислам од каде да го купам тој производ, но и тоа ќе создаде своевидна на конкуренција на едните со другите. И третиот заклучок беше, министерот за економија и труд да свика работна средба и координација со сите институции како што е Комисијата за заштита на конкурентноста, Државниот пазарен инспекторат и така натаму, сите оние коишто се значајни и да излеземе повторно на терен и да ја прошириме малце акцијата, да видиме и на други трговски супер или хипермаркети во делот на белата техника, како сето ова функционира“, вели премиерот.
Граѓаните двапати ги бојкотираа маркетите поради високите цени по примерот на Хрватите.
Можеби ќе ве интересира
Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?
