28 Септември, 2024
0.0266

МИЦКОСКИ ЗА РЕАКЦИИТЕ ЗА СТОИЉКОВИЌ: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за реакциите за Иван Стоиљковиќ вели дека секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции.

Имаше реакции во јавноста од албанските партии по неговиот предлог Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите да биде вицепремиер задолжен за односи со заедниците.

Мицкоски рече дека не би се согласил со тие ставови во врска со Стоиљковиќ и дека тој самиот ќе даде мислење ако го прашаат.

„Наша заедничка татковина е Македонија и очекувам сите заедно, 24-цата, но и сите оние стотици кои по вертикала ќе бидат избрани и именувани, да имаат исклучиво само промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија. Промакедонска позиција подразбира и стратешкото ориентирање на Македонија, а тоа подразбира силен партнер во НАТО Алијансата и земја која еден ден од денеска ќе биде членка на Европската Унија“, изјави Мицкоски.

На прашање што доколку Стоиљковиќ биде ставен на црна листа на САД поради неговите средби во Москва, Мицкоски одговори дека „тој е човек кој е дел од коалицијата ’Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“. Вели дека верува во неговата чесност. 

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, реагираше на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да го предложи Иван Стоилковиќ за вицепремиер и прв човек на министерството за односи со заедниците кое инаку го водеше Артан Груби.

„Охридскиот договор за прв пат по 2001 година во рацете на Србин со путинистички убедувања! Промената штотуку започна!“, напиша Адеми на Фејсбук.

Изет Меџити од „Вреди“ реагираше на обвинувањата на Европскиот фронт. Според него, ДУИ манипулира преку пропагандна машинерија. Тој ја потсети ДУИ дека ова министерство постои од 2008 година, а во рацете на Стоилковиќ не е унапредувањето и заштитата на правата на Албанците.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?