18 Април, 2024
0.0251

Мицкоски: Заев да поднесе оставка, подготвуваме реформски план

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Одлуката Македонија да не добие датум за преговори за членство во Европската Унија е резултат на погрешените политики. Оваа одлука е пораз за македонските граѓани и пораз на политиките на Зоран Заев и на оваа власт, рече претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски бара избори, но претходно средба на државниот врв – додаде ако добие покана од претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на лидерската средба. Не прецизираше дали неговата пратеничка група ќе поднесе интерпелација за работата на Владата, но дека очекува оставка од Заев. Да се распушти Парламентот и да се оди на избори. Изборите вели, не ги разбира како желба за пуста власт.

„Заев требаше да си поднесе оставка многу порано. Тој ќе влезе во историјата како најлош премиер во историјата на државата. Јас тоа го зборував порано, сето она кое беше политика која се промовираше и која тие малкумина обожаватели околу него ја поддржуваа, се распадна како кула од карти. Крво засадено дрво, криво ќе изрти. Ова дрво даде отровен плод. Треба да го лекуваме дрвото и бараме одговорност, рече Мицкоски.

Додаде дека тимот на Заев имал какафонично однесување и дека намерно ги подгревал очекувањата. Вели дека Македонија има пријатели во ЕУ и дека ЕУ останува наша стратешка цел. Земјата не добиал датум затоа што не испорачала реформи, рече Мицкоски.

„Македонија го нема луксузот да изгуби ниту еден час повеќе. Нема време ни за оние анализи за душата, срцето и петата. Тука граѓаните се главни. Оваа власт ќе биде заменета и ќе биде потоната во заборав. Народот бара избори исто како и јас. За да се надмине кризата и оваа ситуација. Колку и да се противи , избори ќе дојдат. Потребни се реформи, коренити и брзи. ВМРО - ДПМНЕќе предложи план, реформски план употребувајќи ги своите капацитети. Да се состави Влада од силни индивидуи со силно портфолио. Време е за мудри и логични одлуки. Повикувам на средба на државниот врв на кој ќе се дискутира за ова. Макеоднија е пред крупни одлуки бидејќи доаѓа обновата, рееч Мицкоски.

Верува дека тие реформи ќе ги спроведе новата Влада на ВМРО ДПМНЕ која ќе победи на изборите. Не сакал да влезе во игра на покажување на показалец за тоа кој бил во право ниту да бара виновници, дека не треба маскирање на неуспехот. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари