Мицотакис има услов за Албанците ако сакаат да влезат во ЕУ
Објавено во: Балкан 22 Август, 2019
Грција ќе постави услов за Албанија која сака да биде дел од европското семејство.
Акцент ќе биде ставен на прватата на грчкото малцинство во Албанија.
„Главната загриженост на грчката влада и моја лична загриженост е ефикасната заштита на малцинските права на грчкото национално малцинство во Албанија, што е услов за почеток на преговорите за интеграција на Албанија во ЕУ“, стои во писмото на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Тој вели дека грчката влада и Нова демократија отсекогаш биле на страната на грчкото малцинство во Албанија.
Грчкото малцинство во јужна Албанија е признаено со договори и конвенции и Албанија има одговорности според меѓународното право кон ова малцинство.