20 Април, 2024
0.0309

Мицотакис ќе има двојно повеќе пратеници од Ципрас - што ова ќе значи за Македонија?

Објавено во: Македонија, Балкан 15 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Анкета покажува дека претстојните избори во Грција ќе ги изгуби премиерот Алексис Ципрас. 

Убедливо водство пред владејачката СИРИЗА има опозициската Нова демократија пред предвремените парламентарни избори во Грција кои ќе се одржат на 7 јули. Нова демократија на Киријакос Мицотакис води пред партијата на премерот Алексис Ципрас со 9,8 проценти. Изразено во парламентрани седишта разликата е уште поголема – НД би освоила 154 седишта, а СИРИЗА 75. Парламентот има вкупно 300 седишта, што значи Мицотакис би имал обезбедено мнозинство.

Анкетата на весникот „Прото тема“ покажува дека на трето место е КИНАЛ со 22 проектирани седишпта, комунистите ККЕ-15, Златна зора (неофашистичка партија) 12, колку што би освоила партијата на Јанис Варуфакис МПЕ25 – 12 седишта и Решение за Грција – 10.

Од ова може да се види дека Преспанскиот договор, како и некои други внатрешни прашања од политичката сцена го избришаа Панос Каменос и неговата АНЕЛ, како и Потами на Теодоракис, а сериозно го намали рејтингот на актулениот премиер и неговата партија (коалиција).

Мерена е и популарноста на лидерите. И тука води Мицотакис со рејтинг на одобрување од 44,8 проценти, втор е Димитрис Котсубас (генерален секретар на Комунистичката партија), 33,9, потоа е Ципрас со 32,2 и Варуфакис со 29,5.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите