14 Јули, 2020
0.0424

Мицотакис ќе помогне за да добиеме датум за преговори

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2019

Јужниот сосед ќе помогне за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ.

„Грција е влијателна земја во ЕУ и побарав да помогне за да добиеме датум за почеток на преговорите“, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис. 

Заев добил позитивен одговор од Мицотакис дека ќе се бори за ЕУ интергациите на Македонија.

Имплементацијата на Преспанскиот договор била една од темите за кои разговарале со Мицотакис, но и за граничните премини, за меѓународната експертска група која треба да продолжи со разговорите за да ги најде прифатливите решенија за двете страни.

Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис.

„Добрите пријатели на нашата земја остануваат посветени на одржување и продлабочување на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Грција. Секоја средба со поранешниот градоначалник на Солун Бутарис носи нешто ново. Ме извести дека идната недела ќе посети неколку градови во нашата земја како дел од програмата за поврзување на градовите од двете земји. Се согласивме дека секоја бизнис-инвестиција е инвестиција во пријателството за подобра заедничка иднина за граѓаните на двете земји“, објави Заев на Фејсбук.

Заев учествува на самит во Солун, и ќе се сретне и со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Според најавите, зајакнувањето и имплементација на договорите со Грција и Бугарија ќе бидат во фокус на меѓупремиерските состаноци. 

Можеби ќе ве интересира

МОНТАЖНИ БОЛНИЦИ, ОТВОРАЊЕ ЛАБОРАТОРИИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ: Регионалните Ковид центри за растоварување на здравствениот систем

МОНТАЖНИ БОЛНИЦИ, ОТВОРАЊЕ ЛАБОРАТОРИИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ: Регионалните Ковид центри за растоварување на здравствениот систем

ЕКСКЛУЗИВНО Лордан Зафрановиќ: Залудно врескавме против злото, луѓето не слушале

ЕКСКЛУЗИВНО Лордан Зафрановиќ: Залудно врескавме против злото, луѓето не слушале

Гласале 723 лица заболени од коронавирус и во самоизолација

Гласале 723 лица заболени од коронавирус и во самоизолација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа заболените и луѓето во самоизолација, а денес има 88 нови инфицирани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа заболените и луѓето во самоизолација, а денес има 88 нови инфицирани

До 15 часот гласаа 340 луѓе кои се во самоизолација

До 15 часот гласаа 340 луѓе кои се во самоизолација

Директорот на ЗОО приведен поради објава на Фејсбук да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Директорот на ЗОО приведен поради објава на Фејсбук да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Кој ќе се обрати на Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце?

Кој ќе се обрати на Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце?

Maкедонија се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Maкедонија се приклучува кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

Познато како ќе работат базените и плажите

Познато како ќе работат базените и плажите