24 Април, 2024
0.0253

Мицотакис контра амандманите - има начин договорот да не се ратификува

Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис,  вели дека уставните измени се уште полоши од самиот договор, но и повтори дека неговата партија нема да гласа за ратификација на решението меѓу двете земји.

Според него, во скопското прашање, Договорот од Преспа континуирано го зголемува бројот на веќе завршените негативни факти, како што се чини од процесот на ревизија во соседната земја. 

„Оние работи што се носат за ревизија во новиот Устав на Скопје се уште полоши од самиот Договор од Преспа. Односно да го кажам ова поедноставно: со нејзините одлуки, владата му дозволи на Скопје веќе да се подбива со Грција“, рече Мицотакис, јавува МИА. 

Тој истакна дека Ципрас „се обврзал ратификацијата во Парламентот да биде пред изборите, стремејќи се кон некоја трампа”.

„Единствен начин, со сигурност, да не се ратификува овој договор е да се одржат национални избори пред да дојде во Парламентот. Но, очигледно е дека господинот Ципрас се обврзал скопското прашање да го помине во Парламентот, пред земјата да оди на избори и дека се стреми кон некаков вид на трампи. Едно е сигурно, не станува збор за трампи што ќе бидат во корист на земјата, туку за некои привремени политички бенефиции за кои господинот Ципрас има илузија дека ќе му служат нему и на неговата партија“, изјави претседателот на Нова демократија.

Мицотакис, во продолжение ја спомена и оставката на екс министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас и уште еднаш праша зошто Ципрас не го објавува писмото од поранешниот министер за надворешни работи на Грција, како и записниците од владината седница која беше пресудна Коѕијас да ја напушти Владата. 

Можеби ќе ве интересира

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница