19 Април, 2024
0.0264

Мицотакис објасни зошто не го сака споменикот „Воинот на коњ“

Објавено во: Македонија, Балкан 14 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на грчката  Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, не го сака споменикот „Воин на коњ“. 

Тој зборувајќи за дискусијата што се отвори во Грција за наводна размена на споменици, односно како што вели, „за наводна размена на споменик – симбол што воопшто не ѝ припаѓа на државата, туку на Општина Атина, со некој кич споменик на Александар Велики, доказ на фалсификувањето на историјата“.

„Некои сакаа да донесеме и да поставиме на местото на „Тркач“, споменик што го симболизира скопскиот иредентизам. Им велиме јасно: „Тркачот“ не оди никаде. Тие многу брзо ќе го фатат патот од власта, со ваша одлука, со пресуда од грчкиот народ“ – изјави Мицотакис.

Тој повтори дека Ципрас прифатил македонски јазик, македонски идентитет, „во суштина прифати македонска националност, македонска култура“, јави дописничката на МИА од Атина.

Рече дека тие не се националисти, туку патриоти кои знаат што е штетно за нивните национални интереси. 

Од Владата деновиве информираа дека засега од Грција нема никаква иницијатива да се разменуваат споменици меѓу двете земји.

Во грчките медиуми претходно осамнаа наслови дека министерката за култура на Грција Мирсини Зорба, предложила споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?