МИЦОТАКИС ОПОМЕНА: Никакви нелегални влегувања во Грција нема да бидат толерирани
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2020
Никакви нелегални влегувања во Грција нема да бидат толерирани, ја зголемуваме нашата гранична безбедност, напиша на „Твитер” грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Имаше обид бегалци и мигранти од Турција, преку Еврос, да влезат во Грција. Грчкиот премиер додава дека земјата нема да ги трпи последиците од одлуките донесени од други.
Граничниот премин кај Еврос, од претпладнево е затворен.
Стотици мигранти и бегалци се собраа на границите на Грција и Бугарија, откако Турција им го отвори патот и најави дека веќе нема да ги спречува да стигнат до Западна Европа и Балканот.