Мицотакис тврди дека Ципрас и Каменос сакаат да се оправдаат пред грчкиот народ
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2019
Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис денеска на расправа во Парламентот за гласање доверба на Владата, го повтори неговиот став дека давањето глас за доверба значи „да“ за Договорот од Преспа.
Ова за него, претставува голема национална отстапка, јави дописничката на МИА од Атина.
„Станува збор за последниот чин од претставата од изминатите четири години на товар на грчкиот народ. Беден театар поставен од Алексис Ципрас и Панос Каменос со три цели: прво, СИРИЗА да добие уште неколку месеци власт, второ, да се ратификува Договорот од Преспа и трето да се задржи како пратеничка група формацијата Независни Грци, за да може лидерот да ги задржи неговите привилегии“, вели Мицотакис.
Мицотакис му порача на Ципрас дека ако добие 150 или помалку гласови, тогаш Владата ќе биде без мнозинство и ќе треба земјата да ја одведе на избори.
Вели дека Ципрас и Каменос сакаат да се оправдаат пред грчкиот народ
Смета дека на соседите им е подарен идентитет и дека не постоела црвена линија.