29 Септември, 2024
0.0278

Михајло Маневски: Како дозна Маричиќ кои судии му ја прифатија гаранцијата на Мијалков?

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски смета дека неговиот актуелен наследник Бојан Маричиќ треба да одговара за оддавање тајна и за незаконито влијание на судот со објавувањето на имињата на двајцата апелациски судии кои ја прифатија гаранцијата за излегување на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од притвор.

Според Маневски, актуелниот министер за правда јавно и грубо се меша во работата на судот,  и спротивно на Законот за кривичната постапка ги објавил имињата на судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, кои како членови на Советот на Апелацискиот суд Скопје гласале да се прифати гаранцијата на осудениот Сашо Мијалков и да се пушти од притвор.

– Согласно член 124 од Законот за кривичната постапка, гласањето на судиите во судечкиот совет се врши тајно. Резултатите од гласањето се тајни. Согласно член 96 од ЗКП, за советувањето и гласањето се составува посебен записник. Овој записник се става во затворен плик и може да го отвори само повисокиот суд. Како дозна Маричиќ дека овие судии гласале за одлуката и поименично ги наведе, иако одлуката уште не била напишана? Одлуката на повисокиот суд се доставува до судот што ја донел одлуката и тој ја објавува. Како може овој министер за правда толку грубо да се меша и да се заканува на судот за донесена одлука? Министерот Маричиќ треба да биде земен на кривична одговорност за незаконито влијание во работата на судот и за оддавање на тајноста на гласањето на Советот што одлучувал по предметното барање? И овој ли ќе биде потпретседател на Владата за евроинтеграции?, пишува Маневски на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени