25 Април, 2024
0.0323

Михајлоска за Фактор: Изјавата на премиерот нема оправдување

Објавено во: Македонија 14 Август, 2019

Добивај вести на Viber

По повод изјавата на премиерот Заев која денеска е во центар на вниманието, Фактор контактираше експерти од областа на комуникациите.

Магистерот по комуникации и менаџер за стратешки комуникации во Image PR агенцијата за односи со јавност и комуникациски менаџмент Магдалена Михајлоска вели дека добрата изјава секогаш треба да биде кратка, јасна и концизна а јавните функционери мора да бидат подготвени и да знаат каква порака праќаат до јавноста.

Михајлоска потенцира дека изјавата на премиерот е несоодветна и избрзана.

„Јавните функционери кога даваат изјава мора да бидат добро подготвени и да знаат точно какви пораки сакаат да пратат до јавноста. Добрата изјава е секогаш кратка, јасна и концизна. Така нема да има потреба од извинување или дообјаснување. Изјавата на премиерот Зоран Заев е избрзана и несоодветна од повеќе аспекти. Прво, секоја изјава која треба да се дообјаснува еден час откако е дадена, носи политичка штета. Второ,  лично етикетирање на лица кои вршат дејности од јавен интерес како што се новинарите е недозволиво. Имено, новинарите во интерес на јавноста пишуваат за различни процеси во општеството со цел да бидат коректив. Добар новинар е критичар на секоја власт. Од друга страна одговор на секој јавен функционер кон новинар мора да биде единствено аргумент, факт, а не лични и субјективни ставови. И трето, нивото на говор мора да биде соодветно“, вели Михајлоска додавајќи дека за користењето на жаргони кои навредуваат еден дел од граѓаните нема оправдување“.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи