25 Мај, 2018
0.3433
    ALK 7872.21    -0.65%     BESK 8017.33    3.6%     GRNT 748.68    4.56%     KPSS 300    -36.31%     MPT 31000.31    0%     OHB 6396.66    -0.83%     REPL 62000    0.81%     RMDEN13 96.7    0.73%     RMDEN14 96.1    0.63%     RMDEN16 95.5    0%     RZIN 125    4.17%     SBT 1951    -0.61%     SLAV 3600    0%     STB 1015.5    -0.27%     STBP 1180.55    5.3%     STIL 130    -0.94%     TEL 278.08    2.99%     TNB 12929.5    -4.14%     TTK 881.96    2.88%     UNI 2360    -0.04%     USJE 23003    -0.63%     ZPKO 2857    0%

Интервју со „Реформаторот“ - Секој одговорен политичар треба да работи да обезбеди долговечност на македонската држава и економски прогрес за граѓаните

Михајловски: Власта нема сериозни реформи, ВМРО-ДПМНЕ мора да биде модерна и европска алтернатива

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2018

По изборот на нов претседател и нови раководни органи на ВМРО-ДПМНЕ сосема разбирливо е да се очекува процесот на реформи во најголемата македонска опозициска партија да продолжи. Едни од најгласните членови по ова прашање беа „Рефоматорите“, група која реши одвнатре да побара суштински промени, не толку кадровски, колку статутарни со цел да се гарантира дека партијата ќе се врати на демократските вредности и ќе функционира како современа европска десничарска опција за избирачите. Александар Михајловски, кој е еден од предводниците на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, гледа можност за решавање на многу проблеми како во самата партија, така и во однос на политичкиот дијалог во Република Македонија кој е неопходен со цел да се забрза процесот на реформи и да се учествува во решавањето на најважните стратешки предизвици на земјата, но и секако да се наметне силна опозиција која ќе биде вистински коректив на власта и ќе ги детектира сите проблеми со нудење на конкретни и коректни решенија и идеи. Со Михајловски разговараме на сите актуелни жешки теми, од законот за употреба на јазиците, до преговорите за изнаоѓање решение за спорот за името.

Фактор: Во која фаза е сега Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Партијата помина низ Конгрес, избор на нов претседател, избор на нови потпретседатели и голема промена на Извршниот комитет. Дали „реформаторите“ успеаја да ги наметнат своите ставови внатре во партијата?

Михајловски: Искрено многу сум задоволен од успехот на Иницијативата за реформи за демократизација и модернизација во ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат внатре партиска иницијатива започната од членови доживеа успех, во смисла најголем дел од целите да бидат во скоро време реализирани. Денеска во ВМРО-ДПМНЕ имаме целосно сменета ситуација, од моментот кога бевме сатанизирани, сега да водиме разговори за демократизација на статутот и модернизација на политиките на партијата. Се радувам дека конечно се прифати фактот дека нашата намера беше искрена и со цел да и се помогне на партијата да ги започне суштинските реформи кои се неминовни по толку години поминати на власт и без кои ВМРО-ДПМНЕ нема да може да се доведе во позиција повторно да ја добие довербата на граѓаните. Процесот оди внимателно и чекор по чекор. Паралеlно оди изготвувањето на новиот статут на ВМРО-ДПМНЕпо урнек на сестринските европски партии, а врз основа на принципите на нашата иницијатива, промена на политиките на партијата и секако интеграцијата на нашите поддржувачи во органите на партијата. Се надевам дека процесот успешно ќе заврши, бидејќи имаме заедничка цел а тоа демократско, модерно и европско ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе може да биде понуди алтернатива на актуелната власт.

Фактор: Постои ли внатрешно незадоволство во ВМРО-ДПМНЕ по направениот избор на новото раководство, дел од поискусните членови не присуствуваа на Конгресот во Валандово и неизвесно е како ќе продолжи функционирањето во Собранието доколку партијата реши да го прекине досегашниот бојкот?

Михајловски: Искрено не мислам дека има или дека ќе има раскол во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Можеби има различни ставови по различни прашања во пратеничката група, но токму затоа беше и нашата иницијатива да се овозможи да имаме различни ставови, секој да може слободно да го каже својот став, а сепак да дејствуваме обединето. Имајќи го во предвид историскиот момент во кој се наоѓа Република Македонија, нас сега ни треба силно и цврсто ВМРО-ДПМНЕ кое ќе биде активен чинител во државата. Во таа смисла се надевам дека брзо ќе се создадат предуслови за враќање на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот бидејќи имаме обврска пред своите гласачи и членови на партијата, да бидеме не само пасивен учесник во демократските процеси, туку и активен чинител кој ќе ги застапува интересите на сите граѓани.

Фактор: Каков е вашиот став за Законот за употреба за јазиците за кој дел од опозиционерите тврдат дека се овозможува двојазичност, па дури и фаворизирање на албанскиот јазик над македонскиот со елементи кои излегуваат од Уставот и Рамковниот договор?

Михајловски: Јас нема да говорам за правни аспекти на законот, дали истиот е согласно уставот или не, затоа што има доволно аргументи во јавноста во таа смисла, ниту ќе говорам за економските аспекти, ќе се обидам да се задржам на политичките аргументи во однос на законот. Мене искрено ми пречи дискусија во правец ако го поддржуваш законот дека си пријател на Aлбанците и обратно ако не го поддржуваш дека не си. Ние треба да изградиме хомогено општество во кое секој ќе се чуствува свој на своето, во кое ќе се даде акцент на индивидуалните права на секој граѓанин. Во таа смисла треба да расчистиме самите со себе дали сакаме граѓанска држава во која секоја индивидуа ќе ги ужива најшироките права или ќе градиме бинационална држава во која секогаш ќе има мнозинство и малцинство. Токму затоа јас сметам дека овој закон е на штета на албанскиот народ долгорочно земено. Албанскиот народ треба да биде целосно рамноправен и секој Aлбанец треба да ги ужива најшироките права. Во таа смисла ние треба да изградиме општество во кое сите ќе бидеме рамноправни. Секој без разлика на својата етничка и верска припадност да ја чуствува Република Македонија како своја држава. Секој човек да се увери дека сите сме еднакви, дека државата води грижа и инвестира во секој граѓанин. На тој начин ќе го хомогенизираме општеството и ќе нема мајоризација на никој спрема никого. Македонија ќе стане држава во која ќе се натпреваруваме позитивно, кој повеќе може да допринесе, на економски, културен, спортски, научен план и за тоа да има соодветна сатисфакција. Во таа смисла законот директно го поткопува ваквиот развој на Република Македонија, долгорочно ќе не подвои во два паралелна света, ќе се зголемува недовербата и тоа ќе биде на штета на сите граѓани. Ние треба да работиме да создадеме услови секој граѓанин ако чуствува за потреба и смета дека полесно ќе дојде до своите права доколку се обрати на својот мајчин јазик, да му се овозможи тоа, но ако сакаме да градиме инклузивно општетсво македонскиот јазик како службен јазик треба да биде сврската точка на сите граѓани.

Фактор: Македонската дипломатија засилено работи на процесот на решавање на спорот за разликите околу името со Грција за што се испратија силни пораки и од меѓународната заедница дека сега е вистинската шанса која треба да се искористи за одблокирање на евроатлантските интеграции. Секако, постои и загриженост дека ќе биде направен компромис кој би бил на штета на македонските национални интереси, а опозицијата обвинува дека не е вклучена во самиот процес. Што според вас треба да се преземе?

Михајловски: Во врска со името треба првенствено да ни биде јасно дека нашиот идентитет не може никој да ни го промени. Ние сме се родиле како Mакедонци и така ќе останеме. Идентитетот е внатрешно чувство и се наследува од родителите. Во таа смисла денеска во Австралија, Канада и други држави каде живеат наши иселеници се раѓаат македонци без воопшто да стапнат во Република Македонија, затоа што идентитетот им е пренесен од нивните родители. Затоа јас немам дилема, ниту имам страв дека некој може да ни го промени идентитетот. Второ Република Македонија мора да влезе во НАТО и ЕУ. Секој одговорен политичар треба да работи да обезбеди долговечност на македонската држава и економски прогрес за граѓаните. Со влезот на Република Македонија во НАТО, засекогаш ќе биде обезбедена долговечоста на македонската држава од безбеденосен аспект, додека влезот во ЕУ ќе ги создаде предусловите Република Македонија економски да се развие на она ниво на кое сите посакуваме. Која е другата алтернатива, во услови кога сите соседи наши се членки или ќе станат на НАТО и ЕУ, и во услови кога 80 отсто од нашата трговската размена ни е со држави членки на ЕУ, да останеме црна дупка на балканот, да тонеме во сиромаштија и неминовно може да дојде да се загрози македонската државност. Затоа емоциите треба да ги оставиме на страна и да престанеме да се етикетираме со предавници и патриоти и да ја согледаме реалноста. Треба проблемот да се надмине час поскоро на достоинствен начин во кој нема да има победници и поразени. За мене лично позагрижувачки е однесувањето на Република Грција и дали од нивна страна има искрена желба да се надмине спорот. Несфатливо е во 21 век да посакувате некоја држава и сосед да не успее. Сепак се надевам дека ќе надвладее разумот и таму и дека конечно ќе дојдеме до разврска на овој проблем што предолго ги оптеретува нашите односи и ќе се деблокира развојот на Република Македонија.

Фактор: Кои се според вас најголемите грешки на владата на Зоран Заев. Досега добива високи оценки за меѓународните активности, но исто така постојат големи грижи за процесот на реформи кој ги дава првите знаци на неусогласеност, а постои и економска стагнација која ја детектира бизнис заедницата?

Михајловски: Знаете за да биде кредибилна критиката таа треба да биде објективна и аргументирана. Затоа не треба се да се гледа се црно и бело. На меѓународен план неспорно е дека има поместување во позитивна смисла од претходниот период и тоа е за поздравување. Дали тоа ќе резултира со позитивен исход во смисла на ЕУ и НАТО интрегациите не може да кажеме, но сепак добро е што мрднавме од мртва точка. Од друга страна гледаме дека на внатрешен план економски Република Македонија се уназадува. Политиката постои за економијата, односно основна работа и цел треба да биде економскиот прогрес на државата. Во оваа сфера Владата на СДСМ и ДУИ сериозно потфрла, гледаме дека државата се презадолжува без концепт, нема најави за капитални инвестиции, нема странски инвестиции, нема домашни инвестиции, некако владата ја умртви економската динамика во Република Македонија. Тоа ќе влијае негативно и мислам дека на ова поле Владата на СДСМ и ДУИ ќе ја изгубат довербата кај граѓаните. Исто така и најавените реформи некако ги нема. Планот 3, 6, 9 доживува фијаско. Нема сериозни реформи во државата. На планот на правна државата, владеењето на правото, еднаквоста пред законите, деполитизацијата на администрацијата може да се искажат сериозни критики спрема Владата. Не сакаат да се откажат од политичкото влијание на судството, во администацијата и во економијата. Ние треба да изградиме општество во кое политиката ќе биде на маргините на општеството, а не да биде за мнозинството граѓани прашање на живот или смрт.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук повика на антивладин протест на 2 јуни

ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук повика на антивладин протест на 2 јуни

Му го каменувале автомобилот и го тепале

Му го каменувале автомобилот и го тепале

Шешељ го нарече Џафери терорист, а тој вели не се оптоварува со тоа

Шешељ го нарече Џафери терорист, а тој вели не се оптоварува со тоа

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Прегазен пешак во Ѓорче Петров

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Прегазен пешак во Ѓорче Петров

На кои реки им се зголеми водостојот?

На кои реки им се зголеми водостојот?

КОЛКУ СЕ ЗАШТИТЕНИ РАБОТНИЦИТЕ: Работник во Струга тешко повреден од пад од скеле

КОЛКУ СЕ ЗАШТИТЕНИ РАБОТНИЦИТЕ: Работник во Струга тешко повреден од пад од скеле

Разбојници ноќеска ограбиле бензинска кај Радишани и избегале

Разбојници ноќеска ограбиле бензинска кај Радишани и избегале

ГРУЕВСКИ НА ФЕЈСБУК: Прва пресуда, прва реакција?

ГРУЕВСКИ НА ФЕЈСБУК: Прва пресуда, прва реакција?

АГРЕСИЈА ПОМЕЃУ ПРИЈАТЕЛИ: Се степале девојчиња во ноќен клуб во Скопје

АГРЕСИЈА ПОМЕЃУ ПРИЈАТЕЛИ: Се степале девојчиња во ноќен клуб во Скопје