Мила Царовска: 44.940 работници добија просечно зголемување на платата за 4.100 денари

Објавено во: Финансии 30 Декември, 2019
44.940 работници во реалниот сектор добиле зголемена плата, односно за нив била искористена мерката за субвенционирање на придонесите.
Ова субвенционирање на придонесите за здравствено и пензиско осигурување за зголемена плата од 600 до 6.000 денари го оцени како позитивно министерката за труд и социјална банка Мила Царовска по еден месец од воведувањето на мерката.
- Просечното зголемување на платите кај овие овие 44.940 била 4.100 денари. Во реалниот сектор има 490 илјади работници, така што овде зборуваме за зголемување на платите кај 9 отсто од нив, рече Царовска.
Таа очекува дека до февруари бројката на работници кај кои е зголемена платата да се искачи на 20 проценти од вкупно вработените во бизнис-секторот.
422 работодавачи во УЈП за октомври пријавиле зголемување на платите за своите работници за 6.580 куца користеле субвенции од 6,474 милиони денари. 7.613 работодавачи искористиле субвенции од 77,5 милиони денари за месец ноември за 44.940 работници.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, рече дека одобрувањето на субвенциите било мошне едноставно за работодавачите преку поднесувањето на МПИ-образецот.
- За месец октомври просечната плата во земјата е зголемена на 25.726 нето, а за месец ноември со оваа субвенција ќе има видно покачување, додаде Царовска.
Можеби ќе ве интересира
ЗА ЕДНА ГОДИНА КРЕДИТИТЕ НА ФИРМИТЕ ИМ ПОСКАПЕЛЕ ЗА ДВА ПРОЦЕНТНИ ПОЕНИ - еве какви се другите каматни стапки

ИЗМАМЕНИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОРМЕО: Останаа без работа, а немаат ни плата, се активираат и синдикатите во Србија

ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО: Прераспределбата на средствата од буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет, еве каде се кратат средства

ЛИЧНИ ПРИЧИНИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ОБВРСКИ ВО ДРУГИТЕ АНГАЖМАНИ - Миле Зечевиќ поднел оставка од функцијата член на Надзорен одбор во Стопанска банка Битола

РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри

НОВО од Комерцијална банка - Пакет бесплатни производи и дигитални услуги за млади без плата

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РУСКАТА РУБЉА? Министерството за економија ги соопшти деталите

ИМА ЛИ ВРСКА СО НАЈАВАТА ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ, ИЛИ НЕ - во блок трансакции купени поситни проценти акции на Стопанска банка Битола

КАКО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Заработуваат и до 3.500 евра месечно, киријата им пречи, зборуваат само за пензија, не жалат пари и не планираат да се вратат
