Миле Јанакиески е вратен во Шутка
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2019
Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е вратен во притвор по лекарскиот преглед во градската болница „8 Септември“. Екс министрите Јанакиески и Спиро Ристовски беа физички нападнати денеска во затворот Шутка, по вербални расправии.
Јанакиески се пожалил на болки по што бил упатен кон градската болница. Тие се наоѓаат во триесет дневен притвор по барање на обвинителството во рамките на истрагата за настаните во Собранието на 27 април, 2017 година.
Од ГОБ „8-ми Септември“ соопштија дека на Јанакиески не му се констатирани телесни повреди.