Миленко Неделковски и Мирка Велиновска ширеле говор на омраза - АВМУ бара постапка
Објавено во: Македонија 13 Март, 2018
Во емисијата на Миленко Неделковски во којашто гостувала Мирка Велиновска, на телевизија Алфа во јануари 2018 година, двајцата ширеле дискриминација, нетрпеливост и омраза кон албанската етничка заедница, се наведува во извештајот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
АВМУ бара од Јавното обвинителство и од Комисијата за заштита од дискриминација да поведат постапка за овој случај.
Во извештајот се посочени конкретни примери, односно цитирани се делови од емисијата каде што Неделковски и Велиновска ги нарекуваат Албанците „диво племе“, „дивјаци“, „скитачи“, „чергари“, „дојденци“…