Миленко Неделковски можно е да одговара за уште едно кривично дело
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2019
На водителот Миленко Неделковски му се заканува уште едно кривично дело, иако веќе му се суди за говор на омраза.
Од судот информираат дека за време на судењето, одбраната побарала да се снима сведочењето на Неделковски со камера. Ова е овозможено во согласност со законот, но ден откако цедето со снимката е предадено на одбраната на Неделковски,тоа се појавило на порталот Инфомакс.
Од судот велат дека записите од рочиштата се само за користење на странките и не смеат да се објавуваат. Тоа е казниво со затвор од 3 месеци до 5 години.
За случајот е информирано обвинителството и судот очекува да биде утврдена кривична одговорност.