МИЛИОН КИНЕЗИ - толку ја примија експерименталната вакцина на „Синофарм“, нема посериозни негативни реакции
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2020
Милион граѓани веќе ја примиле експерименталната вакцина против коронавирусот на кинескиот фармацевтски гингант „Синофарм“ во рамките на итната програма одобрена од кинеските власти. Дел од виролозите сметаат дека ова е научно експлоатирање на граѓаните, додека пак директорот на гигантот посочи дека речиси и да нема нус појави кај оние кои се вакцинирале.
,,Нема ниту еден единствен случај на посериозни негативни реакции кај примателите, само неколкумина почувствувале благи симптоми“, нагласил тој.
Кина веќе подолг период добро се справува со коронакризата, а откако се откриени девет позитивни случаи во градот Тијанџин, властите одлучија да спроведат 3 милионско тестирање во местото.
И понатаму сите патишта водат кон глобалната имунизација за крај на пандемијата, односно вакцината против коронавирусот. ЕУ, САД, Индија и Кина веќе откупија голем број на дози од различни производители, па тука се поставува прашањето кога таа ќе биде достапна за помалите земји.