МИЛИОНЕРИ НА СВЕЌА: Два милиони граѓани од најбогатиот регион ќе бидат 7 дена без струја
Објавено во: Свет 08 Октомври, 2019
Компанијата „Пацифик гас и електрисити“ соопштила дека оваа недела речиси два милиони луѓе близу 30 окрузи во Калифорнија би можеле да останат без струја.
Како што се наведува, без струја ќе останат поради силниот и сув ветер кој се заканува да предизвика пожари.
Компанијата соопштила дека струјата ќе ја исклучи од претпазливост во среда и ги повикала жителите и фирмите да се подготват да бидат без струја дури седум дена.
Струјата ќе биде исклучена и во 67 школи, пренесе СиЕнЕн.
Наведената компанија соопштила дека е „можно“ опремата на таа компанија за дистрибуција на електрична енергија да го предизвикала еден од најсмртоносните пожари во Калифорнија е одговорна за пожар во кој загинале 85 луѓе.
Истрагата на калифорниското Одделение за шумарство и заштита од пожари утврдила дека таа компанија е одговорна за пожарот во кој загинале 85 луѓе.
Метеоролозите најавиле дека во среда ќе почнат да дуваат силни, разорни ветрови, кои, покрај ниската влажност би можеле да го рашират огнот.
Да потсетиме, американската држава Калифорнија е најбогата област на планетата.