Милионерка исчезнала пред 6 месеци, ја пронашле како бездомник
Објавено во: Свет 20 Септември, 2017
Британска милионерка која исчезнала пред 6 месеци е најдена како бездомник како спие на улица во Милано.
Принцезата Аријан Лак (51) се смета дека била тешко повредена при кражба, по што ја изгубила меморијата.
Нејзиното семејство ангажирало приватен истражител за да ја пронајде. Се посомневале дека е во Милано затоа што таму имала пријатели.
Истрагата покажа дека таа била во луксузен хотел, но бидејќи тој се затворал заминала во друг хотел и оттука се губи трагата на оваа жена.
Милионерката е родена во Иран, и тврди дека е потомок на династијата Каџари.
Таа живее во Велика Британија и има британско државјанство.