МИЛИОНИ ДОЛГОВИ, ИЛЈАДНИЦИ ДОЛЖНИЦИ: Кои познати фирми се на „црната листа“ на УЈП
Објавено во: Економија 11 Септември, 2018
Граѓани и фирми го трупаат долгот кон Управата за јавни приходи (УЈП)
Институцијата го објави последниот список на кој се најдоа 2.069 фирми и 1.812 физички лица за долгови доспеани до 31.05.2018 и неплатени до 31.08.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Прв најголем должник е охридски Отекс чиј долг изнесува безмалку 14 милиони евра.Милионски долгови имаат и Комуналец од Гостивар, Хедис, 11 Октомври Еурокомпозит.
Но должници се и јавни и комунални претпријатија. Македонија пат должи на пример 336.7 милиони денари