Милиони евра истурени за неработници
Објавено во: Економија 15 Ноември, 2018
Од 2009 до крајот на 2017-0та биле потрошени 67 милиони евра државни пари, од кои поголемиот дел за вработени кои не доаѓале на работа во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, според податоците кои ги обезбеди Министерството за администрација за БИРН.
Се работи за вкупна сума на оваа централна владина институција, па според тоа не може да се пресмета колку им биле исплатени на оние кои не доаѓале и на оние кои се пријавувале на работното место.
БИРН проектира дека се работи за две третини, или околу 1.600-тини за кои нема работа, но им се исплаќа плата, или сума од 40 милиони евра, на што министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски потврдил дека станува збор за реална бројка.
Само Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана имаат повеќе вработени од Секретаријатот со тоа Секретаријатот е третата најбројна установа на централно ниво.
Од јавните претпријатија, единствено „Македонски шуми“ има повеќе вработени од Секретаријатот за рамковен договор.