30 Септември, 2024
0.0250

МИЛИОНСКА НАБАВКА БЕЗ ОГЛАС: ЕСМ ангажира скопска компанија за сервис на агрегатите

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Електрани на Северна Македонија подружница Енергетика склучиле на 23 декември минатата година рамковна спогодба со скопската компанија Флекс повер вредна 1,2 милиони евра без претходно објавување на оглас за јавна набавка. За таа сума фирмата се ангажира да прави сервисирање на гасните мотори.

За набавката без оглас согласност дало и Бирото за јавни набавки. Во согласноста стои дека се исполнети условите сервисирањето да го прави избраната компанија без да се прави оглас за оваа услуга.

Вкупната цена на договорот е 75,5 милиони денари или околу 1,2 милиони евра, а ќе се плаќа по извршена услуга.  

Компанијата Флекс повер и претходно добивала тендери од државните институции, а еден од повредните е склучен со АД ЕСМ лани во јули во вкупна вредност од над 500 илјади евра. 

Пред една недела Центарот за граѓански комуникации ги објави резултатите од мониторингот на јавните набавки во првото полугодие од 2021 година кој покажа дека во тој период преку постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра.

Овие слабости се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво. 

„Толку честата примена на електронска аукција во тендерите може да значи дека учесниците во јавните набавки не ги напуштаат веќе разработените механизми за манипулации и корупција. Законски незадолжителната еаукција во праксата и натаму е нераскинлив дел од тендерите и во првото полугодие од 2021 година се применувала во дури 91 отсто од сите јавни набавки спроведени во земјата. Договорните органи не ги почитуваат препораките дадени од граѓанскиот сектор и од надлежните институции за ограничено користење на е-аукцијата со цел да се избегнат негативните ефекти и манипулации кои ги поттикнува таа. Во првото полугодие од 2021 година биле спроведени 11.215 постапки за јавни набавки. Од нив, во дури 10.198 (91 отсто) била планирана е-аукцијата, што е буквално за само 1 процентен поен помалку од првото полугодие од 2020 година“, се вели во извештајот. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи