28 Март, 2024
0.0259

Милионски инвестиции и нови вработувања во пандемија: Битиќи во посета на „Алкалоид“

Објавено во: Економија 21 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, реализираше работна посета на компанијата Алкалоид Скопје, каде оствари средба со генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, кој ги презентираше историјатот и развојните планови на компанијата и заеднички извршија обиколка на дел од производствените погони, соопштија од кабинетот на вицепремиерот. Алкалоид има јубилеј - 85 години од постоењето. 


„Да се опстои на домашниот и меѓународните пазари 85 години е навистина успех, а тој успех не би бил можен, доколку Алкалоид не ги следи светските трендови во фармацевтската индустрија и постојано вложува во технолошки развој, во своите вработени и во создавање на нови квалитетни производи, со кои го зголемува обемот на производство и приходите. Ние како Влада, сме среќни кога имаме можност да ги поддржиме развојните планови на компаниите, имаме многу механизми со кои тоа го правиме,  затоа што знаеме дека тоа ќе донесе бенефит не само за таа конкретна компанија, туку и за нејзините вработени, за нови вработувања, генерално за целата економија. Компанијата Алкалоид има склучено договор со Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите вo 2018 година, со кој превидуваат петгодишен инвестициски циклус и во три години веќе се вложени 23,4 милиони евра, а како поддршка од Владата, за мерките од договорот, во овие три години кумулативно се исплатени 3,58 милиони евра. Секоја компанија која инвестира во развој на производството и на вработените, може да ја искористи поддршката од Владата преку Законот“, посочи вицепремиерот Битиќи на средбата со генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов.


Од Алкалоид информираа дека се посветени кон постојан раст и развој на компанијата, како на домашниот, така и на меѓународните пазари. Инвестициите во нови производни линии не застанаа ниту во периодот на пандемијата, вложени се над 11 милиони евра во комплетирање на одделението „Пакување на цврсти форми“, со нови линии на површина од 7.000м², со кое ќе се овозможи зголемување на капацитетите за производство за околу 50 отсто, односно од претходниот капацитет од 2 милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од 3 милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми.


Во разговорот со вицепремиерот Битиќи, Мукаетов посочи дека компанијата во моментов ги пласира своите производи на над 40 пазари, а во 2020 година е остварена добивка од околу 19 милиони евра, што е за околу 15 проценти повеќе во однос на 2019 година, а воедно бројот на вработени во 2020 година е зголемен за 210 лица. Алкалоид продолжи со својот развој и во 2021 година, при што во првата половина од годината веќе се реализирани нови 58 вработувања и се бележи двоцифрен, во проценти, раст на добивката во однос на првата половина од 2020 година.



Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“