25 Април, 2024
0.0281

МИЛИОНСКИ СУМИ: Колку се опари ФК „Вардар“ во најуспешната сезона?

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската фудбалска гордост како што ја нарекуваа многумина коментатори, лани го имаше најголемиот успех а не се за потценување ниту приходите кои ги прокнижи  „Вардар“ .

Добивката на „Вардар“ во најдобрата  сезона во 70 годишната историја е 800.000 евра. Сите приходи на „Вардар“ во 2017 година, во која го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот клубски фудбал – играше во групи во Лига Европа, изнесуваат над 6 милиони евра и 60 отсто од нив се пари од УЕФА кои ги доби благодарејќи на пласманот во таа лига.

Македонската фудбалска гордост, како што знаат да го кажат спортските коментатори, фудбалскиот клуб „Вардар“ лани ја имаше најуспешната фудбалска сезона во својата 70 годишна историја. „Вардар“ лани за прв пат во својата историја успеа да се пласира во група во лига Европа континентално натпреварување што по својот ранг е на второ место веднаш по најквалитетната светска лица –европската Лига на шампиони.

„Вардар“ во својата најуспешна сезона остварил приходи од вкупно 375,2 милиони денари односно над 6 милиони евра и во споредба со 2016 година, лани неговите приходи од продажба биле поголеми за 2,3 милиони евра односно за 60 отсто.

Расходите на „Вардар“ лани биле 302,3 милиони денари и клубот финансиската година ја завршил со добивка од 48,7 милиони денари односно околу 800.000 евра. Тоа во споредба со 2016 година е неспоредливо подобар резултат кога добивката била 512.000 денари.

Најголеми приходи од донација од УЕФА

Лани најмногу пари „Вардар“ земал од УЕФА и тоа 224,6 милиони денари односно 3,63 милиони евра што е 60 отсто од сите приходи на друштвото. Во споредба со 2016 година, лани „Вардар“ од УЕФА добил 4,5 пати повеќе пари и тоа е сумата што ја добил како поддршка заради поминатите елиминации и пласманот во група во Лига Европа. Втора по големина приходна ставка се парите добиени од спонзорства кои изнесуваат 83,6 милиони денари и во споредба со 2016 година се повеќе од преполовени затоа што тогаш изнесувале 175,2 милиони денари.

Од телевизиските права на натпреварите во квалификациите и во Лига Европа „Вардар“ лани добил 42,9 милиони денари односно вкупно 700.000 евра. Во 2016 година „Вардар“ нема приходи по овој основ. 

Последна и најмала приходна ставка на „Вардар“ се продадените билети. Во достапните податоци пишува дека „Вардар“ нема приход од продажба на влезници за домашно првенство, но од продажба на билети за Лига Европа инкасирал 17,4 милиони денари и тоа е 13 пати повеќе од 2016 година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ