Милошоски прашува дали и хрватската министерка за надворешни работи шири лажни вести?
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2019
Пратеникот Антонио Милошоски прашува „Дали тоа и хрватската министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ шири лажни вести дека неколку ЕУ-земји се противат на добивањето на датум? Тој вчера објави информација дека седум членки на ЕУ биле против отворање на преговори со Македонија.
„За жал не се направи голем напредок, дури и бројот на држави кои имаат одредени забелешки за тоа можно и да се зголеми. Ние секако се заложувавме тие преговори да се отворат со Албанија и со Северна Македонија”, рече Пејчиновиќ Буриќ“.
Од СДСМ го обвинија Милошоски дека шири лажни вести и побараа да даде оставка од пратеничката функција. Тие рекоа дека тој лаже на штета на сопствената држава.„Најголемите ширачи на лажни вести дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ се премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Никола Димитров“, одговори Милошоски.
Подготвен сум да дадам оставка ден по поднесување оставка од нивна страна, врати пратеникот.