Милошоски: Веќе се знае кои луѓе ќе поминат во Академијата за судии и обвинители
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2019
Со новиот владин предлог-Закон за Академија за идни судии и јавни обвинители на прво место се ставаат дискрецијата, владината доминација и непотизмот, наместо квалитетот и мерит системот во правилата за полагање на приемните испити за Академијата, стои во писмото кое членови на ВМРО ДПМНЕ го испратија до евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Опозиционерите тврдат дека со предлог законот исто така се злоупотребува знамето на ЕУ, но не за да се усогласи законот до некоја ЕУ регулатива, туку само за скратување на роковите за постигнување на политичката цел на власта да ги дерогира стандардите за упис на Академијата.
„Веќе станува јасно дека има кандидати кои се привилегирани и по основ на непотизам и/или партиска подобност се веќе сигурни дека ќе го поминат испитот за влез во Академијата, како синот на Претседателот на еден суд, ќерката на една обвинителка од ОЈО, снаата на една сегашна функционерка од СДСМ во Собранието, синот на Претседателот на едно правосудно тело, внуката на поранешна пратеничка од СДСМ (сега вработена во СЈО), синот на еден висок државен функционер на ДУИ, блиска личност на ген.секретар на владата, партиски адвокат од ОО на СДСМ од внатрешноста и други повластени кандидати за идни судии. Принципот на еднакви шанси при конкурирањето во Академијата е девалвиран, пишува Антонио Милошоски
За ова писмо очекуваат одговор од Амбасадорот Жбогар, а темата ќе ја искомуницираат и со ЕК во Брисел.