20 Април, 2024
0.0298

МИНИМАЛЕЦ НЕ ПОНИЗОК ОД 18.700 до 20.900 ДЕНАРИ - кој и да дојде на власт планира да зголемува плати

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Можно ли е тоа да се оствари. Тоа е клучното прашање што се поставува за партиските ветувања, особено кога станува збор за порастот на платите што тие го ветуваат.

СДСМ се обврзува дека минималецот може да го зголеми и до 40 отсто до крајот на мандатот, а просечната плата да се зголеми до 30 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, предвидува постојано зголемување на платите, со што тие на крајот на мандатот ќе бидат повисоки за 25 проценти.

Еве што стои во партиските програми. 

Додека трае кризата, СДСМ се обврзува да ја задржи минималната плата од 14.500 денари, а по завршувањето, ќе обезбеди раст на минимална плата до 40 отсто до крајот на мандатот. Просечната плата до крајот на мандатот ќе порасне до 30 отсто.

„По завршувањето на кризата, СДСМ се враќа на своите докажани принципи – раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40 отсто, во зависност од должината и влијанието на епидемијата врз светската и домашната економија. Просечната плата до крајот на мандатот ќе порасне од 20 до 30 отсто, исто така во зависност од времетраењето и ударот на епидемијата врз светската и домашната економија“, се вели во програмата.

Ова би значело дека ако СДСМ седне на Илинденска, минималецот ќе достигне 20.911 денари.

Во делот на платите, ВМРО-ДПМНЕ за наредниот четиригодишен период предвидува континуирано зголемување на платите до 25 отсто за еден мандат.

„Платите ќе се зголемат и тоа - минимум 5 отсто со исплата на јануарска плата во 2021 година, минимум 5 отсто со исплата на јануарска плата во 2022 година. Имајќи ја во преедвид здравствено-економската криза предизвикана од Корона вирусот, можно е мало одложување на оваа мерка за не повеќе од една година. Исто така, во рамките на предвидениот пораст на платите предвидено е и усогласување на одредени разлики и диспаритети кои постојат во слични звања во различни институции. За периодот по 2022 година, врз основа на темелна анализа на макроекономските параметри, одговорно ќе донесеме одлука за понатамошниот раст на платите, но сепак растот нема да биде понизок од 5 отсто“, велат од партијата во својата програма. 

Тоа значи дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, минималната плата ќе биде 18.671 денари.

Ова се сите ветувања на партиите во нивните обемни партиски програми. 

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите