Министер за финансии си поднесе оставка
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2018
Министерот за финансии на Србија Душан Вујовиќ поднесе оставка на таа функција од лични причини, јавуваат белградските медиуми. Во оставката до премиерката Ана Брнабиќ, како што се наведува, тој напишал дека четири години колку што бил министер, „се сосема доволни човек да се покаже на функција“.
Претходно, претседателот Александар Вучиќ изјави дека ќе има реконструкција на владата, но оти во моментот приоритет е „решавањето на косовскиот јазол“.