ШТО НАПИШАЛА: Министерка поднесе оставка поради објава на Фејсбук
Објавено во: Свет 20 Март, 2018
Министерката за правда во Норвешка, Силви Листауг, поднесe оставка поради своја објава на Фејсбук дека опозициската Лабуристичка партија е повеќе заинтересирана за заштита на правата на терористите отколку за норвешкиот народ.
Информацијата за оставката ја објавија норвешките медиуми.
Тоа е многу чувствителна тема за лабуристите затоа што тие сè уште не се соземале од нападот на ултрадесничарот Андерс Брејвик во 2011 година, кој пукаше во подмладокот на Лабуристичката партија во летен камп на островот Утоја, убивајќи 69 луѓе.