23 Април, 2024
0.0260

Министерката Ангеловска бара амандманите за буџетот да се поднесуваат анонимно

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Нина Ангеловска на комисиската расправа за Буџетот за 2020 предложи промена на процесот на доставување амандмани, односно да се искористи технологијата и истите да се предлагаат анонимно. 

На тврдењето на дел од пратениците на опозицијата дека амандманите не се прифаќаат бидејќи доаѓаат од опозицијата, министерката одговори дека единствена основа врз која се предлага или одбива амандманот е квалитетот на предлогот, затоа таа предложи во иднина амандманите да се предлагаат анонимно. 

„Треба да се гледа содржината на амандманот, а не од која партија е поднесен, затоа амандманите за буџетот треба да се предлагаат анонимно, а решенијата да бидат детално објаснети и поткрепени со анализа и бројки. За да не се политизира моментот дали амандманот бил прифатен или одбиен во зависност од предлагачот, предлагам да има анонимност при поднесување на амандманите, и да не се знае кој амандман од кого е поднесен. A тоа технологијата денес ни го овозможува. Секое добро и издржано решение се прифаќа, без разлика од која политичка партија доаѓа“, рече Ангеловска и посочи дека кај ребалансот на буџетот за 2019, третина од прифатените амандмани биле од опозицијата.

Министерката за финансии го прифати амандманот на пратеничките Маја Морачанин и Љиљана Поповска за обезбедување средства за акредитација на централна лабараторија и нови мерни инструменти за мерни станици за мерење на аерозагадување.

„Овој амандман ќе биде прифатен видоизменет, ќе бидат обезбедени средства во износ од 5 милиони. Сите тука го разбравме значењето на оваа лабораторија, за улогата на таа лабораторија во борбата против аерозагадувањето“, рече министерката Ангеловска.

Ангеловска смета и дека е клучно да се предлагаат издржани решенија со реални суми. Таа истакна дека има повеќе амандмани каде се предлагаат нереално мали суми за проекти кои вредат десеткратно повеќе и сумата не кореспондира со реалните потреби. Ангеловска нагласи и дека при предлагање на амандманите треба да има и анализа и разработено решение за да може истото да се дискутира. 

Министерката за финансии рече сите поднесени амандмани за Буџетот за 2020 година се во износ од 26 милијарди денари, од кои 350 амандмани се од опозицијата и се во износ од 23,2 милијарди денари или 377 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето